 Играч од југот на Франција на извлекувањето емитувано на приватната ТВ станица TF1 во петок навечер освои 100 милиони евра, поставувајќи го рекордот во добивка на лотаријата Euro Millions во Франција.
Играч од југот на Франција на извлекувањето емитувано на приватната ТВ станица TF1 во петок навечер освои 100 милиони евра, поставувајќи го рекордот во добивка на лотаријата Euro Millions во Франција.Добитникот од петокот е единствен кој ги погодил сите седум броеви од првиот ред на Euro Millions, европска лотарија која опфаќа девет земји: Франција, Велика Британија, Ирска, Шпанија, Португалија, Белгија, Швајцарија, Луксембург и Австрија.
Историскиот рекорд на Euro Millions го држи од 8 мај 2009 година, учесничка од Шпанија која освои 126.231.764 евра.


 
														




 







