Менаџерот Рафа Бенитез призна дека неговиот клуб се мачел доста со Унгарците, но победата беше она што им беше најпотребно и тоа го оствариле.“Имавме неколку добри шанси, но не ги искористивме и затоа и почувствувавме мал притисок на крај. Ова беше дуел против еден тврд противник и добро организиран.“
“Ние имавме контрола над играта во првиот дел, а противникот немаше некои шанси. проблемот беше што неможевме да го постигнеме тој втор гол, но пак ќе речам задоволен сум бидејќи победивме.“ - изјави Рафа во прес-конференцијата после натпреварот.











