-->

Шпанците за прв пат ја освоија Европа

Шпанија е новиот европски првак. Тие се победници на 36-то европско првенство кое во претходниве две недели се одржуваше во Полска. Во финалето ја декласираа Србија со 85:63.

Актуелните светски прваци најпосле го освоија и првото злато на европските шампионати и со тоа ја потврдија доминацијата во ЕвроБаскетот во последните 10 години. Од ЕП 1999-та во Франција па се до ова во Полска тие имаа 3 финалиња (3 сребра) и две мали финалиња (една бронза).

Може да се рече дека се беше готово уште по некаде по 7 минути игра кога Шпанците имаа серија од 4 тројки едно по друго по што дојдоа на +13 (20:7). Потоа Србите намалија на -8, за да со две серии од по 6:0, “црвената фурија“ да дојде на убедливи +20 (40:20) и потоа веќе се беше познато.

Разликата до крај само се зголемуваше, Србите на кој ова им беше прво финале на ЕП немаа мотиви, но и не можеа да сторат нешто повеќе против вака разиграниот противник кој на моменти си поиграваше со атрактивни потези со своите противници.

Ова е вториот најтежок пораз што една репрезентација го доживеала во финалињата на европските првенства. Како и по обичај најефикасен и најзаслужен за триумфот беше По Гасол(МВП) кој постигна 18п 11с, со тоа тој е најефикасниот играч на ова ЕП.

Руди Фернандез со по 13п и Јуан Наваро 12п исто беа заслужни за ова одлично издание на Шпанците.

Кај Србите Милош Теодосиќ кој на полуфиналето постигна 32п сега имаше само 5п, но и не трошеше многу топки, добро беше чуван од Рубио и Наваро. Трипковиќ со 15п беше најзабележителен кај вицешампионите.

Скокот на Србите беше очаен, едноставно Шпанците си правеа што сакаат во нивниот рекет, дури 17 офанзивни скока што е едноставно недопосливо за било кој тим.

Бронзата оди во рацете на Грција кои во малото финале со 57:56 ја совладаа Словенија. 5-ти се Французите кои со 59:52 ја совладаа Хрватска, а 7 се Русите кои со 89:66 ја прегазија Турција.

Најдобрата петорка е: По Гасол, Еразем ЛОрбек, Руди Фернандез, Василеос Спанулис и Милош Теодосиќ



                                                                                              [ 21-09-2009 ]

 

Copyright © 2009 selotejp.com