Калвино Инман е 15-годишeн американец, кој наизглед не се разликува од своите врсници, но ова момче од Тенеси е медицински феномен и целосна мистерија за лекарите. Имено, од очите на Калвино дури и до три пати дневно тече крв!- Моите другари мислат дека сум опседнат. Веќе сум навикнат на такви коментари, но во почетокот тоа навистина ме навредуваше, вели Калвино.
Неговата мајка, кога тој за прв пат почнал да плачи крв, доживеала шок и веднаш повикала брза помош.
- Тоа ми беше најстрашната работа која до тогаш сум ја доживеала, кога ме погледна и ме запраша: Мамо, дали ќе умрам? Во тој момент срцето ми се скрши од шок, појаснила мајката на момчето.
Таа очајнички бара начин како да му помогне на нејзиниот син и да пронајде некој лекар, кој би можел да ги запре крвавите солзи. - Ќе отидам каде било на светот и ќе направам било што, само некој нека му помогне на мојот син, рече на крајот неговата мајка.











