-->

Девојче како проститутка годишно заработувало 100.000 евра

15 – годишната ученичка годишно заработувала скоро 110 илјади евра работејќи како ексклузивна проститутка. Девојчето кое преку ден посетувало настава, и чиј идентитет не е објавен, најверојатно работела за ескорт агенција во Њукасл.

Девојката лажела во агенцијата за својата возраст, пред да почне да заработува околу 200 евра неделно. Нејзиниот живот со две улоги бил откриен во ноември 2008, кога еден професор кој се посомневал во нешто, и ја пребарал училишната чанта и таму нашол кондоми, картичка со името на нејзиниот макро, и детали за ескорт агенцијата во која работи.

Училиштето веднаш ја известило полицијата која го пребарала домот на 15 – годишното девојче, и пронашле скриена готовина под душекот на креветот. Родителите на девојчето, на возраст од 44 и 46, се уапсени под сомневање дека се вмешани во проституирањето на нивната ќерка, но набрзо биле ослободени од обвиненијата.

Девојчето, за кое се верува дека од пред неколку години дошла со нејзината мајка од источна Европа, сега е сместена во Агенција за заштита на деца. Изворот од полицијата вели дека девојчето, кое изгледа постаро од она што реално е, ја убедила ескорт агенцијата дека е полнолетна.

 

Copyright © 2009 selotejp.com