-->

Мексиканската полиција убила 10 наркодилери

Мексико, 19 февруари, (Нетпрес) - Најмалку 10 наркодилери биле убиени во жестока вооружена пресметка меѓу армијата и полицијата на Мексико од една страна и припадници на наркокартел, вчераутро во мексиканскиот град Реноса, на границата со САД, објавува британскиот “Ај Ти Ен Њуз“.



Во пукотниците, жителите на малиот мексикански пограничен град, буквално биле фатени во вкрстен оган. Неколкучасовната престрелка била проследена со детонации од гранати и со истрели од ракетни фрлачи “базуки“, со кои биле вооружени припадниците на нарко картелот.

 

Copyright © 2009 selotejp.com