Во текот на денешниот ден во Републичкиот завод за здравствена заштита пријавени се нови 120 случаи на заболени од заразни заушки.
И тоа најмногу од Скопје 50, Тетово 18, Штип 14, Прилеп, Куманово 6 и Радовиш 5, соопштуваат од РЗЗЗ.
Од вкупно заболените хоспитализирани се 5 лица – од тоа по две лица во Скопје и Прилеп и едно лице во Струмица.
Денеска допонително се вакцинирани 848 лица на возраст од 8-19 години.