Селекторот на руската репрезентација Гус Хидинк ги започна преговорите со челниците на Челзи кои сакаат да го ангажираат до крајот на сезоната, а интересно звучи и податокот дека поранешниот тренер на ПСВ не сака во ниту еден друг европски клуб.
Откако Челзи го отпушти Сколари, неговите челници стапија во контакт со Хидинк, кој и пред доаѓањето на Сколари беше еден од кандидатите за превземање на клупата на лондонскиот клуб. Една од причините што не бидна, е цврстиот договор на Хидинк со руската федерација, што и сега би можело да биде проблем.