-->

Му се закануваат ли на Марс бактериите од Земјата?

Меѓународниот договор за однесување надвор од Земјата од 1967 година ја одредува правната рамка за активности во вселената. Најпознат е по тоа што на владите им забранува изнесување на нуклеарно оружје во орбитата, а од земјите кои праќаат мисии во вселената исто така бара да избегнуваат "штетна контаминација" на другите небесни тела додека го истражуваат сончевиот систем.

Имајќи во предвид дека луѓето допрва треба да зачекорат по другите планети, ризикот денеска доаѓа од бактериите кои можат да се "шверцаат" на вселенските летала како Феникс лендерот на НАСА, кој на површината на Марс стигна минатиот мај. Иако Феникс помина низ "чистење" за да се минимизира контаминацијата со бактерии, а неговата рака која има директен контакт со мразот на Марс е стерилизирана пред лансирањето, сепак е можно на леталото да се "прошверцале" десетина и повеќе видови микроби.

Кога ќе дојдат на Марс, можно е да бидат заштитени од УВ радијацијата поради структурата на леталото и да останат во живот стотици илјади години. На Марс живеат и тамошни бактерии, па постои ризик за контаминација или менување на развојот на марсовските бактерии. Потребата за конкретни правила на "однесување" на другите планети ќе биде потребна во иднина, особено доколку се открие дека на Марс се развива живот независно од животот на Земјата.

Освен бактериите од тука, Марс е постојано бомбардиран од метеорити, стотици мали небесни тела, честички од прашина, мраз, камен и железо кои се наоѓаат во интерпланетарниот простор. Марс е значително поизложен на ваквите тела отколку Земјата, поради неговата особено тенка атмосфера.

НАСА објави фотографии од новонастанатите кратери, снимени пред и после ударите на метеоритите (меѓу 2003 и 2007 година). Научниците со помош на фотографиите ги реконструирале настаните, а новоформираните кратери се интересни подрачја за барање нови форми на живот на црвената планета.

 

Copyright © 2009 selotejp.com