-->

Ван дер Сар близу до европскиот рекорд

Голманот на Манчестер Јунајтед со четиринаесеттиот последователен натпревар во лигата на кој нема примено гол дојде на чекор до поставувањето нов европски рекорд.

Со победата над Фулам во средата, Ван дер Сар се доближи до рекордот кој го постави Дени Верлинден пред 19 години, кога дури 1.390 минути беше несовладлив. Холанѓанецот ќе постави нов рекорд доколку на следниот натпревар барем до 89-та минута го сочува голот бидејќи неговата мрежа е мирна 1.302 минути до сега.

Светскиот рекорд изнесува 1.816 минути и го држи Бразилецот Мазаропи, кој никој не го совладал од мај 1977 до септември 1978 година кога бранел за Васко де Гама.

Последниот фудбалер кој ја имаше честа да го совлада Ван дер Сар во Премиер лигата беше играчот на Арсенал Самир Насри, на 8 ноември минатата година.

 

Copyright © 2009 selotejp.com