-->

Вицепремиерот Ставрески ќе го отвори бизнис форумот во Киев

Македонски стопанственици од агробизнисот, преработувачката индустрија, производство на автомобилски компоненти, транспорт, градежништво и туризам денеска во Киев ќе учествува на Бизнис форум, на кој ќе присуствуваат над 50 украински бизнисмени од сродни сектори.

Форумот ќе го отворат претседателот на Стопанската комора на Украина Сергеј Скрипченко и заменик-претседателот на македонската Влада Зоран Ставрески, а презентација за туризмот и енергетката, како и за транспортот и градежништвото, ќе имаат министрите за економија и за транспорт и врски, Фатмир Бесими и Миле Јанакиески.

Форумот е можност за промоција на Република Македонија пред украинската бизнис заедница како атрактивна бизнис и туристичка дестинација.

За македонско-украинската трговска соработка ќе зборуваат заменик-претседателот на Стопанската комора Виктор Јановскиј и амбасадорот на Република Македонија во Украина, Илија Исајловски.

 

Copyright © 2009 selotejp.com