-->

Поради навивачка шега останал без жена

Навивач на Манчестер Јунајтед патувал со автомобил 650 километри за да се состане со жена која ја запознал преку интернет.

Но стигнувајќи на љубовниот состанок открил дека таа воопшто не постои и дека е жртва на шега смислена од противнички навивачи.

Триесет и деветгодишниот Стујард Слан тргнал со кола од Шефилд кон зафрлена фарма во Шкотска, каде требало да се состане со жената која ја запознал на интернет. Кога после многу лутање стигнал на фармата, открил дека Ема, како што му се претставила жената, не била тука. Нешто подоцна му заѕвонил мобилниот телефон и му било кажано дека сето тоа било шала. Тој разговор бил снимен и ставен на интернет. Се констатирало дека Слен бил насамарен од страна на двајца навивачи на Ливерпул кои ги запознал на одмор во Мексико, каде нормално се искарале за фудбал.

Шегата им била по успешна отколку што се надевале, бидејќи сопругата на Слен го слушнала разговорот на интернет и открила дека тој имал намера да ја изневери и го оставила.

 

Copyright © 2009 selotejp.com