Старењето на кожата како и целокупниот организам е неизбежен процес.
Но постојат одредени животни навики кои можат да го забрзат или забават процесот на стареењето.Првенствено брзото стареење на кожата зависи од генетиката,односно природната количина на еластин и колаген како главнин носители на здравјето и младоста на кожата.На самата брзина на стареењто може да делуваме и ние самите позитивно или негативно.Два најважни фактори кои се многу раширени и невероватно го забрзуваат стареењето се пушењето и претераното изложување на UV зраците со сончање или во соларим.Пушењето го разорува еластинот и ја намалува еластичноста на кожата.Таквата кожа при обични движења пука и се прават длабнатини видливи како бори.Исто така пушењето предизвикува дехидрација на кожата и ги активира слободните радикали во кожата во која предизвикува понатамошно оштетување на ќелиите на кожата и го забавува нормалниот процес на регенерација и созревањето на нови ќелии. Тенот на пушачите е редовно сув,без сјај и сив,а кожата остава впечаток на замор.
Сонцето исто така ја уништува кожата и го разорува еластинот и колагенот.Исто така предизвикува појава на пеги и темни флеки кои се впрочем одраз на оштетување на кожата и обид за одбрана од засилена синтеза со меланин на местото на флеките.Сонцето исто така има силно потенцијално канцерогено дејство предизвикувајќи оштетување на ќелиите на кожата и појава на тумор на кожата како што е на пример се поприсутна појавата на меланом.