
Имајте на ум дека ова се лозинките на група луѓе заинтересирани за програмирање, па ако некој треба да знае најдобро за безбедноста околу изборот на лозинка тоа се тие. А сепак:
- Најкористена лозинка се покажала дека е 123456, која исто така се смета дека е најчеста лозинка воопшто.
-4 проценти ја користеле лозинката „password“ или некоја негова варијација која исто така се покажала во претходни истражувања дека e глобален тренд.
-16 проценти од лозинките биле според личното име на корисниците.
-14 проценти биле последователните букви/бројки на тастатурата како „qwerty“.
-Од необјаснети причини „dragon“, „master“ и „killer“ исто така биле лозинки кои многу често се појавувале.
Доколку и вашата лозинка е слична на овие претходно наброените најдобро е да ја смените. Најголемиот број на хакери всушност го искористуваат фактот дека луѓето се многу предвидливи кога избираат лозинка, без да бидат свесни за тоа.