Добро, веќе знаевме дека луѓето кои поминуваат по повеќе од 8 часа дневно на Facebook "не се здрави", но дали навистина друштвените мрежи од овој тип може да предизвикаат сериозни здравствени проблеми од типот на рак и срцеви болести?
Во последниот број на магазинот на Британскиот институт за биологија, др. Арик Сигман објаснува дека комуникацијата со други личности преку "друштвените мрежи" од типот на Facebook и Myspace, го зголемува ризикот за срцеви болести, рак, мозочен удар и деменција.
Докторот е убеден дека испраќањето на пораки и виртуелната комуникација наместо дружбата "очи во очи" може да поттикне промена и слабеење на имунолошкиот систем, пореметување на составот на хормоните и функционирањето на артериите, како и да му наштети на вашето психичко здравје. Една од главните причинители поради која Facebook и сличните социјални мрежи се толку опасни по вашето здравје, е недостатокот на некои благотворни хормони, кои се лачат само исклучиво при близок физички контакт со други луѓе.
Некои од гените одговорни за имунолошкиот систем и санирање на стресот реагираат различно кога станува збор за виртуелен или вистински физички контакт, објаснува др. Сигман.