Според дел од бесните изјави на Ван Дер Ваарт, тој е непријатно изненаден што не е вклучуван почесто во составот и ќе бара во најкраток можен рок средба со менаџерите на Реал.
Ван Дер Ваарт изјави и дека се осеќа чудно, поради тоа што никогаш во кариерата не бил изоставуван од стартниот состав на било која екипа, кога бил здрав и подготвен да игра.
Првпат во својата професионална кариера холандскиот репрезентативец Рафаел ван дер Варт не беше во конкуренција за настап иако не е повреден или болен. Се случи тоа на саботниот натпревар на Реал Мадрид против Бетис кој актуелниот шпански првак го доби со 6:1. Иако Ван дер Варт беше сосема здрав, Хуанде Рамос не го вклучи меѓу 18. фудбалери кои беа на теренот или на клупата на спомнатиот меч.
“Ова што ми се случува е вистинско с... Никогаш во кариерата не сум доживеал нешто слично. Во Шпанија вакви работи не се вообичаени, па мојот менаџер веднаш замина на разговори со клупските челници“, нервозно им изјавил Ван дер Варт ма германските новинари со кои остана во добри односи откако минатото лето за 14 милиони евра се пресели од Хамбургер во Реал Мадрид.
Иако имаше одличен почеток на сезоната во Мадрид, по доаѓањето на Хуанде Рамос, Ван дер Варт е ставен во втор план, па не би било никакво изненадување доколку го напушти клубот. Веќе пишувавме на penal.com.mk, тој е еден од многуте фудбалери кои че бидат ставени на трансфер листата за летниот трансфер период.Холанѓанецот има договор со “кралскиот клуб“ до 2013 година, па и покрај тоа што ова му е една од најужасните сезони во кариерата, вели дека нема намера да се предаде. Верува во својата иднина на Сантијаго Бернабе.
“Ќе се борам за да ги свртам работите во своја корист. Имам трпение“, додаде фудбалерот кој е професионалец веќе десет години и досега играше за Ајакс, Хамбургер и Реал мадрид. За негова жал, тренерот на Реал, Хуанде Рамос воопшто не на иста фрекфенција. Далеку повеќе откако седна на тренерската клупа на Реал им верува на Весли Снајдер и Гути кои играат на истата позиција како Ван дер Варт.