-->

Седница на собраниската комисија за финансирање и буџет

Собраниската Комисија за финасирање и буџет на денешната седница заклучи дека не се исполнети условите за подготвување дополнет предлог на Законот за правно наследство на Република Македонија на членство во Меѓународниот монетарен фонд.

Во второто читање за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за правно наследство на Македонија на членство во ММФ, не беа доставени амандмани.

Претседателот на Комисијата Јован Манасиевски упати забалешки до Министерството за финансии бидејќи не одговорило на барањето да достави извештај за приходите во Буџетот за минатиот месец.

 

Copyright © 2009 selotejp.com