-->

Skype ќе биде интегриран во телефоните на Nokia


 skype-mobileСите оние фанови кои го користат попопуларниот комуникациски софтвер Skype, сега истиот ќе можат да си го носат насекаде со себе. Според последните информации, Skype и Nokia склучија договор со кој популарниот комуникациски софтвер ќе биде интегриран во мобилните телефони на Nokia.

Според договорот, првите мобилни уреди кои ќе се појават со инсталиран Skype ќе бидат моделите од N сериите, започнувајќи со Nokia N97 кој ќе се појави во третиот квартал годинава. Skype ќе биде дел од адресарот на Nokia N97, со што ќе овозможи праќање инстант пораки и веројатно ќе овозможи користење на 3G и WLAN за бесплатни Skype-to-Skype говорни повици.

Пoвеќе информации на www.Skype.com

 

Copyright © 2009 selotejp.com