Aston Martin минатата година најави лимитирана изведба на својот најсилен автомобил досега – моделот One-77 со 700 КЅ кој треба да се произведе во само 77 примероци. Шест автомобили требаше да завршат во САД, пет да останато во Велика Британија, додека останатите ќе се возеа ширум светот.
Всушност, Aston Martin во еден момент дури и го уверуваше светот дека ја распродале целата серија автомобили кој секој чини по милион фунти пред воопшто да и покажат на јавноста како автомобилот изгледа.
Сега британскиот произведувач на автомобилската егзотика пее друга песна – стотина купувачи изразиле интерес за купување на автомобилот, но само мал број од нив го уплатиле депозитот од 200.000 фунти.
Тоа воедно е и причината зошто управат на Aston Martin минатата недела најави префрлање на вработените на Aston Martin на тридневна работна недела.