-->

Toshiba промашување

Колку се мудри производителите на хардвер во последно време, тоа е чудо. Еве, Тошиба на пример: наместо техничка поддршка, ги навлекува корисниците да одговараат на технички прашања.

Некој во Тошиба добил генијална идеја - зошто би плаќале луѓе кои ќе работат во техничка поддршка и ќе одговараат на прашањата на корисниците, кога овие одговори може да се добијат бесплатно на интернет? На менаџментот на било која фирма му се допаѓаат зборовите како заштеда, оптимизација на трошоци, поефтино, помали плати за работниците, поголеми плати за менаџерите, па оваа идеја падна на плодно тло.

Момците и девојките од Тошиба направија веб страница за одговарање на прашањата од корисниците, платија огласи на бројни сајтови за да ја промовираат својата нова "услуга" и станаа предмет на зафрканција на интернет.

Пред да благословат вака глупав проект, логично би било менаџерите на Тошиба да си постават неколку логични прашања. Зошто некој би давал бесплатни совети? Океј, ова функционира во светот на Линукс кој луѓето го користат од некои чудни причини кои се мешавина на мазохизам и љубов, но не би работеле за џабе кога е во прашање корпорација која врти милијарди долари годишно. Лаптопот се купува од потреба, па очекувањето дека некој ќе поминува време на нет одговарајќи ги прашањата на останатите корисници е исклучително наивно и глупаво.

Секако дека поголемиот број на одговори на техничките прашања се духовити и секако дека корисниците ја исмејуваат Тошиба. Начестиот одговор на било кое прашање е: "Којо ти е крив што си купил Тошиба". Посетете ја страницата на производителот, прочитајте ги одговорите и слободно и самите придонесете за "успехот" на оваа идеја. Најдобрите одговори ќе бидат поставени на официјалните Тошиба НПП (најчесто поставувани прашања). Супер, нели? :)

 

Copyright © 2009 selotejp.com