-->

На Скопски саем почнува "Мебел 2009"

На Скопски саем од денеска до 29-ти овој месец ќе се одржи саемската манифестација МЕБЕЛ 2009 на која ќе присуствуваат 740 изложувачи од земјава и странство.

Манифестацијата се одржува во седум хали, во сите анекси и во дворот на вкупна површина од 14.000 метри квадратни. Земја партнер на оваа саемска манифестација е Словенија.

Саемот за отворен ќе го прогласи министерот за економија Фатмир Бесими. На отворањето денеска ќе биде доделена и наградата „Доверба“ за долгогодишна деловна соработка и учество на Саемот.

 

Copyright © 2009 selotejp.com