-->

Притвор за четворица стружани, извршители на тешки кражби

Полициската станица во Струга поднесе кривична пријава против лицата К.А., О.У. и О.Е. родени 1990 година, како и против М.С. роден 1988, Е.И. роден 1993 и Р.Б. роден 1972 година, сите од Струга, поради основано сомнение дека сториле десет кривични дела „тешка кражба“, едно кривично дело „тешка кражба во обид“ и едно кривично дело „прикривање“ .

Како што се истакнува во соопштението на СВР-Охрид, истражен судија при Основниот суд во Струга на првите четири пријавени лица, им одредил мерка притвор во траење до 30 дена.

Пријавените во периодот од јануари до март годинава со насилно кршење на стакла од влезните врати провалиле во деловен објект и повеќе куќи во Струга, Октиси, Подгорци и Лабуништа. Мета на шестчлената група биле куќи чии сопственици живееле во странство, од каде по провалувањето одземале пари, значителна количина златни предмети, гардероба, бела техника, електронска опрема, како и гасен пиштол.

Одземените предмети со патничко моторно возило управувано од лице од Албанија и такси-возило од Струга, биле префрлани во куќата на првопријавениот, кој по неколку дена успеал дел од предметите да ги продаде на лице од Кичево. При извршени претреси, пронајдени се непродадените предмети, дел од веќе продадените, кои се одземени и вратени на оштетените.

Со извршените кривични дела, пријавените се стекнале со противправна имотна корист од еден 1.256.000 денари.

 

Copyright © 2009 selotejp.com