-->

Ни доаѓаат звучници тенки како хартија

Понекогаш налетуваме и на тенки звучници, но на звучник со дебелина од само 0,25 милиметри никогаш не сме налетале. Барем до сега...

Стручњаците од британскиот Универзитет Ворвик успешно изработија тенки звучници кои можат да се виткаат и да донесат револуција во аудио индустријата. За разлика од новите технологии и производи кои би можеле да ни го олеснат животот, а кои во својот зачеток чинат вистинско богатство, производството на овие звучници е исклучително ефтино.

Сепак, како што наведува Стив Коучман, извршниот директор на компанијата Warwick Audio Technologies, звучниците наречени Flat Flexibile Loudspeaker (FFL) не се наменети за "домашна" употреба, туку за простории како аеродромски терминали, автобуски станици и слично, во кои понекогаш е тешко да се разбере што зборува официјалниот спикер.

FFL звучниците се изработени од неколку слоеви електропроводливи материјали, кои кога ќе се "обвијат" со аудио сигнал нудат појасен и почист звук. Уште една предност на ултратенките звучници е фактот дека се виткаат па со нив е возможно лесно да се манипулира - да се вметнат било каде, па дури и да се обесат како постер.

Повеќе за звучниците можете да прочитате на официјалната страна на универзитетот.

 

Copyright © 2009 selotejp.com