-->

Автобус, автомобил и комбе се судрија кај железничката станица

Поради судар на автобус на ЈСП „Скопје“, автомобил „сеат толедо“ и комбе, претпладнево привремено беше прекинат сообраќајот на булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ на крстосницата кај Железничката станица во Скопје.

Повредени нема, а приченета е материјална штета од околу 100.000 денари, изјави Јове Николоски, раководител на увидна екипа од СВР Скопје.

Патничкото возило „сеат толедо“ движејќи се по улицата „Бојмија“ за да се вклучи на булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ застанало на крстосницата и во тој момент во него удрил автобусот на ЈСП. За да го избегне целосниот удар со патничкото возило автобусот со предниот десен дел удрил во комбе кое било запрено во колона од возила.

Несреќата ја избегнал уште еден автобус на ЈСП.

 

Copyright © 2009 selotejp.com