-->

Фејсбук приватност - апдејт

По редизајнот со кој се промени изгледот на почетната корисничка страница и се воведоа новитети како споделување на содржините, тимот на Фејсбук се одлучи за надградба на опциите поврзани со степенот на приватност, кои сега до најситните детали може да ги подесуваат самите корисници.

Сите постоечки кориснички поставки за приватноста остануваат непроменети, но кон секоја од нив е придодадена можноста за „отворање“ на пристапот кон сите корисници на овој интернет сервис, без оглед дали некој од нив се наоѓа на вашата листа на пријатели или не. Истите поставки е можно да се подесуваат за секој сегмент од вашата виртуелна личност.

За да ги наместите своите опции за степенот на приватност кој ќе го имате на Фејсбук, посетете ја оваа страница во својот профил и запознајте се со новите можности за подетално регулирање на нивото на приватност на овој сервис, кое досега напати беше критикувано како плодно поле за евентуална злоупотреба.

Колку ќе придонесе промената во иднина, ќе видиме.

 

Copyright © 2009 selotejp.com