Вториот најголем производител на луксузни автомобили на светот Daimler, утрово скокна на берзата во Франкфурт откако го објави планот за продажба на удел од 9,1% на инвестициски фонд од Абу Даби.
Како што пишува Bloomberg, Aabar Investments PJSC ќе купи 96,4 милиони нови акции од германската компанија по цена од 20,27 евра по акција, што претставува 5-постотен попуст во однос на последната цена од петокот, која е помала за дури 55% од вредноста која ја имала минатата година кога Daimler најави продажба.
Вложувањето вредно 1,95 милијарди евра би требало да го зајакне капиталот на автомобилската компанија која, како и целата автоиндустрија страда од последиците на глобалната рецесија.
Daimler уште претходно соопшти дека годинава планира да вложи 4,4 милијарди евра во истражувања и развој, бидејќи се повеќе ќе се фокусира на производство на возила со помала потрошувачка на гориво, како и хибридни автомобили и автобуси.