-->

Нов хит на Depeche Mode

Дедовците на електрото се вратија, и тоа посилни од било кога. Во овој спот нема многу да ги изнагледате, но затоа можете да уживате во брилијантната режија на мрачното дело. Запалете ги светлата во соба пред гледање :)

Новиот спот на Depeche Mode е направен за првиот сингл на новиот албум "Sounds of The Universe", чие излегување е најавено за 20 април.

Првиот сингл "Wrong" е очигледно враќање на "старата школа" на големата сцена, а спотот е приказна за себе. Мрачен спот, за мрачна песна, за мрачен бенд. Брилијантно.

 

Copyright © 2009 selotejp.com