-->

U2 добија улица во Њујорк

Ирските рокери на разни начини го промовираат новиот албум "No Line od the Horizon". По концертот на кровот на зградата на БиБиСи во Лондон, членовите на бендот отпатуваа во Њујорк каде еден дел од Западната 53-та улица на Бродвеј е преименуван во U2 Way.

на свеченото откривање на знакот со спомнатиот натпис се појавија во друштво со градоначалникот на Њујорк Мајкл Блумберг.

За жал, U2 Way ќе постои само една недела во која бендот секој ден ќе настапува во шоуто на Дејвид Летерман. Градоначалникот Блумберг изјави дека сите чланови на бендот станале почесни граѓани на Големото Јаболко, фалејќи ги за придонесот кон толеранцијата и мирот.

 

Copyright © 2009 selotejp.com