-->

Бесплатен тренинг за купувачите на Jaguar

Новите XKR и XFR повторно го вратија Jaguar меѓу производителите на брутални спортски лимузини, а Британците планираат да го доградат овој статус со тоа што на своите купувачи ќе им понудат свои автомобили за тренинг и унапредување на возачките способности, односно за извлекување на максимумот од нивните лимени миленичиња.


Според натписите на Autocar, Jaguar планира да започне со изградба на нови објекти за тестирање. Прва би била R Performance академијата во близина на седиштето на Aston Martin во Варвикшир, додека вториот би бил потполно нов центар, вреден преку шест милиони евра - нешто налик на Mercedes World во Бруксландс.

Цената за изучување и совладување на возачките мајстории би била вклучена во цената на автомобилот, а Jaguar за сега планира да понуди бесплатни инструкции за возачите на моделите XKR и XFR, како и сите останати R-модели кои треба да излезат во меѓувреме - додека биде завршена изградбата на објектите наменети за тренирање.

 

Copyright © 2009 selotejp.com