-->

Ладна сајбер војна

Сајбер шпиуни продреле преку интернет во електро-енергетскиот систем на САД и зад себе оставиле компјутерски програми кои можат да бидат употребени за предизвикување пореметувања во системот.

Шпиуните доаѓаат од Кина, Русија и други земји, а се верува дека се на мисија по електро-енергетскиот систем на САД и неговите контроли. Упаѓачите не настојувале да нанесат штета на електро мрежата или некоја друга клучна инфраструктура, но постои опасноста ова да се направи во време на криза или војна.

„Кинезите се обидоа да направат мапа на нашата инфраструктура, како што е електро мрежата. Исто и Русите“, изјави неименуван извор од тајните служби за The Wall Street Journal. „Интернет шпиунажата е раширена низ еден дел од САД и нема за цел да наштети на одредена компанија или регија“, изјави претставник од службите за национална сигурност, кој додаде: „Има се повеќе вакви упади. Минатата година ги имаше многу“.

За време на администрацијата на Буш, конгресот одобри 17 милијарди долари тајни фондови за заштита на владините мрежи. Новиот претседател размислува за проширување на овој програм и на поранливите приватни компјутерски мрежи, што би извлекло дополнителни милијарди од буџетот.

 

Copyright © 2009 selotejp.com