-->

Предлог типови за кладилница - реванши во 1/4 на ЛШ

Четвртфиналните дуели од Лигата на Шампионите оваа година донесоа два дуела на гиганти и два дуела на фаворит против релативно послаб противник.



Но, првите мечеви покажаа нешто сосема друго - дуелите на гигантите исфрлија два тима кои уште по првиот натпревар со голема веројатност го визираа патот за полуфиналето, а пак другите два дуела понудија максимална неизвесност.

Реванш натпреварите од Лигата на Шампиони во оваа фаза се сигурно најдоброто нешто што гледачите го бараат од фудбалот, и оние неутралните, а особено навивачките настроени.

За тие кои креваат адреналин преку кладилница, еве ги penal.com.mk типовите. Некогаш погодуваме, некогаш послабо.

Челзи - Ливерпул

Првиот натпревар, одигран на Енфилд имаше две лица - во првите 20-ина минути Ливерпул налилуваше на машинеријата што ги прегази Реал и Манчестер, но се чини Гус Хидинк, како и многупати досега покажа дека е силен во однос на пробивање на тактиката на противникот. можеби тие 20 минути беа доволни за Челзи да знае како во продолжение. се чинеше дека и 10 натпревари да играат, Челзи 10 пати ќе победи. освен 3-те гола, сините имаа и неколку стопостотни шанси за гол. најлошото за Ливерпул е тоа што нема многу што да се смени на реваншот. Ливерпул повторно ќе треба да напаѓа, тоа е игра што не му одговара, а му одговара на Челзи. Доколку се реши за таква варијатна Бенитез, сигурно ќе има голови, но на двете страни, па и тука е тешко да се прогнозира победникот. Ако Ливерпул не напаѓа силно уште од почетокот, натпреварот би личел на оние дуели помеѓу овие две екиппи од времето на Мурињо, па и 0:0 или 1:0 би биле најверојатни резултати.

penal.com.mk типот за дуелот Челзи - Ливерпул е игра на многу голови 4-6, но распределени 2:2 или 3:2, за било која од екипите.

Порто - Манчестер Ј

По серијата од преку 10 натпревари со победа и без примен гол, Фергусон се реши за ротација и одмор на фудбалерите, вклучително, на што се надополнија повредите и картоните. Натпреварот со Порто е да се биде или не за Манчестер, во моменти кога тимот го нема фатено финалниот залет за крајот на сезоната. Нема сомнение дека Манчестер ќе игра како да е финале, но прашање е дали во ваква ситуација, со 2:2 на гости на Драгао може да се извлече добар резултат. Освен во првите 20-ина минути, тука не би требало Манчестер да напаѓа премногу агресивно, туку да игра силно на средината, внимавајќи на одбраната и чекајќи ја 60-70 минута за гол и победа од 1:0. Доколку се случи некоја рано да постигне гол, би требало натпреварот да се отвори и да има многу голови. Сепак, најверојатно е дека вкупно голови би требало да има 2-3

penal.com.mk типот за дуелот Порто - Манчестер Ј сепак е нерешено 1:1, или нешто многу блиску на тоа. Доколку Манчестер испадне, не би требало да е изненадување, имајќи го на ум првиот натпревар

Баерн Минхен - Барселона

тука се чини дека Барса ќе ја чува својата игра. Иако наизглед е јасно како Барса игра, сепак никој не успева да најде противигра за Барселона, па сигурно е дека Гвардиола ќе одмара барем двајца од клучните фудбалери. Баерн во неделата конечно прикажа игра со голови.

penal.com.mk типот за дуелот Баерн Минхен - Барселона е победа на Баерн, но минимална, со еден, најмногу два гола разлика. Барселона оди натаму.

Арсенал - Виљареал

Тимот на Арсен Венгер има добар резултат, кој му гарантира дека не мора уште од почеток да се напаѓа. Да не залажува никого нерешеното во Шпанија, Виљареал е и тоа како силен тим, но има игра која му одговара на Арсенал. Играта на Арсенал минатите години не проаѓаше против стабилни и цврсти екипи, но против технички дотерани екипи каква што е Виљареал, кога се играат натпревари со многу додавања, е она што Венгер го чека.

penal.com.mk прогнозата за овој натпревар е сигурна победа на Арсенал, од 2:0 или 3:0, особено заради нагорната форма на тимот во последните неколку недели.

Некогаш попгодуваме, некогаш не. Двете полуфинални двојки во Лигата на Шампионите би требало да бидат Челзи - Барселона и Порто - Арсенал

 

Copyright © 2009 selotejp.com