Клубот од Ноу Камп таа сезона се натпреварувал во лигата на тогашна републиканска Шпанија. Истата година, за време на граѓанската војна во Шпанија, осум екипи играле во лигата на Слободна Шпанија. Барселона го завршила натпреварувањето на првото место со бод повеќе од градскиот ривал Еспањол, но титулата никогаш не и била призната и не и не ја пишува никаде. Поради граѓанската војна, од 1936 до 1939 година фудбалското првенство како воопшто да не се играло.
"Барселона може и мора да ја бара титулата што ја освои таа сезона. Детално го проучуваме целиот случај, но наскоро треба да повлечеме конкретни потези", порача претседателот на клубот Хоан Лапорта.
Покрај Барселона, во лигата на Слободна Шпанија во 1937 година играле уште Еспањол, Гирона, Валенсија, Леванте, Гимнастик, Гранољерс и Кастељон. Прв пат, тоа прашање стана актуелно во септември 2007 година кога Комисијата за спорт и образованите на парламентот му предложил на РФЕФ да ги усвои резултатите од 1937 година како официјални. Ако Федерацијата го прифати овој предлог, Барселона ќе има вкупно 19 титули во шпанското првенство.