-->

Википедија на македонски јазик со над 30.000 статии


Светски најпопуларната онлајн енциклопедија Википедија, на македонски јазик ја надмина бројката од 30.000 статии.

Википедија на македонски јазик има повеќе од 10.000 регистрирани корисници, тринаесет администратори и три бирократи, кои заедно со останатите нерегистрирани корисници работат на достапност на светското знаење на македонски јазик.

Содржините се илустирани со мултимедијални содржини и се категоризирани по области, до истите може да се пристапи и преку деведесетина тематски портали. Опфатени се низа библиографски одредници на значајни личности, низа на географски одредници за државите, градовите и останатите населени места.

Википедија е единствената слободна и бесплатна светска енциклопедија. Верзијата на англиски јазик брои повеќе од 2,8 милиони статии, 25 други јазични изданија имаат над 100.000 статии.

 

Copyright © 2009 selotejp.com