-->

Некст Тајм тргнуваат за Москва


По многубројните проби оджани како тонски така и сценски во Македонската телевизија, Некст тајм подготвено и со самодоверба заедно со целиот тим в петок ќе отпатуваат за Москва.

Засега не се познати деталите како ќе изгледаат на сцената но Некст Тајм веруваат дека сето тоа што ќе го покажат на големата сцена во олимпискиот стадион во Москва ќе го обели образот на Македонија.


Од досегашните прегледи низ сајтовите каде се прават он-лајн анкети, во моментов котираат на високи позиции и важат за фаворити меѓу 10-те најдобри. Сепак тоа ништо не значи исто како што и кладилниците немаат особено влијание, Евросонг отсекогаш бил управуван од политиката, талентот честопати бил во сенка.

Од досегашните гостувања на Некст Тајм во неколку од земјите во Европа се покажаа повеќе од успешно, тие беа одлично прифатени и пречекани од страна на наши тамошни преставници и амбасадори.


Последниот промотивен караван го одржаа во Босна, каде беа гости заедно со кралицата на ромската музика Есма Реџепова.

 

Copyright © 2009 selotejp.com