-->

Реал не се откажува: Ван дер Варт + 35 млн. евра за Рибери


Продолжуваат шпекулациите околу иднината на Рибери, овој пат Реал ја зголемува својата понуда со играчот за кој Баерн покажа интерес.

Кралскиот клуб кој е желен да го купи играчот на Баерн, Франк Рибери откако виде дека Баварците се интересираат за Рафаел Ван дер Варт, се обидува да го искористи тоа.


Тие се спремни да го дадат Холанѓанецот вреден 15 милиони евра, и плус парична сума од 35 милиони евра, што би биле вкупно 50, за да го ангажираат францускиот интернационалец од редовите на Баерн.

Дали Баерн ќе ја прифати ова навистина примамлива понуда останува да видиме, но во минатото Баерн знаел како да искористи нов играч и плус пари неколку пати.

 

Copyright © 2009 selotejp.com