-->

Пет знаци за зависност од Facebook

Имате ли свој профил на Facebook? Секако дека имате, а многу веројатно можете и да ги наброите на прстите од едната рака луѓето кои ги познавате е кои немаат отворено свој профил на Facebook. Исто како и се друго во животот, манијакалното користење на Facebook може да доведе до зависност, а токму заради таа причина, ви прикажуваме листа на некои од клучните знаци дека сте зависник од оваа социјална мрежа.



Зависноста од Facebook се уште не е ставена во официјалната листа на болести и психички пореметувања, но со оглед на манијакалното однесување на се поголем број на корисници на овој сервис, многу брзо би можела да се најде на некоја медицинска публикација.

Се поголем број на психијатари и психолози ширум светот известуваат за пациенти кои како причина за своите животни проблеми го наведуваат токму прекувременото користење на Facebook.

Психологот Joanna Lipari од факултетот UCLA утврдила 5 знаци кои сигнализираат на зависност од Facebook:

1.Го пропуштате сонот заради користење на Facebook.

2.На Facebook поминувате повеќе од еден час дневно.

3.Опсесивно ги пронаоѓате некогашните пријатели и љубови на Facebook и комуницирате со нив.

4.Игнорирате работни обврски; сурфате по Facebook интензивно во текот на работното време.

5.Помислата за напуштање на Facebook ви предизвикува немир.

Позитивните одговори на приложените тврдење можат да сигнализираат за зависност од Facebook, наведува Lipari, и предлага едноставен тест: пробајте да издржите еден ден без Facebook. Ако денот ви мине во стрес и немир, дефинитивно сте зависни од Facebook.

 

Copyright © 2009 selotejp.com