-->

Погледнете го најмалиот глумец на светот


Откако во последните 13 години играше во дури 50 филмови, Аџај Кумар, ѕвездата на индиските комедии, и официјално е прогласен за најмал актер на светот.

Кумар, кој нема ни 80 сантиметри, влезе во Гинисовата книга на рекорди откако во последните 13 години играше во 50 филма.

„Нема смисла да се жалам за тоа што сум џуџе. Мал сум, но талентиран и можам да работам како нормален маж“, вели Аџај.



Аџај, попознат под уметничкото име Унда Пакру, стана славен во Индија, а со бројните улоги заработи и мало богатство, со што стана пожелен младоженец за многу семејства кои сакаат да ги омажат своите ќерки.


Неговиот брак со Гајатри, која е двојно повисока од него, беше вест на локалните телевизии низ Индија.

„Беше традиционален, договорен брак. Мајка ми, ми побара жена, а сосетката и рекла дека има роднина со убава и образувана ќерка. Ни договорија состанок, се запознавме и ми се допадна“.

„Сега имаме петмесечна ќерка која е со нормална висина, како и нејзината мајка, и многу сум среќен за тоа“, откри најнискиот актер на светот.

 

Copyright © 2009 selotejp.com