Повеќе од 70 лица се повредени вчера во судар на два патнички воза во предградие на Мексико Сити.
Шефот на секретаријатот за вонредни состојби Елиас Мигел изјави дека несреќата се случила кај станицата Сан Рафаел на пруга која е пуштена во работа минатата година.
Од двата воза се спасени 170 патници, а повредените се пренесени во локалната болница./миа