-->

Јамајка - Вооружен маж киднапира авион



Вооружен маж на аеродромот Сангстер на Јамајка ноќеска киднапирал канадски авион и држи петмина членови на екипажот како заложници, откако претходно ги ослободи 169-те патници.

Според најновите информации, грабнувачот е ментално болно момче на 20-годишна возраст. Претходните информации говорат дека откако ги ограбил сите патници, киднаперот повеќето патници ги пуштил на слобода, но двајца патници со часови останале во авионот, а биле ослободени откако почнале преговорите меѓу грабнувачот и полицијата. Канадските медиуми јавуваат дека киднаперот влегол во авионот во моментот додека патниците се качувале во леталото. Грабнат е авион од типот Боинг 737 на канадската компанија КанЏет. /крај/ин/ст

 

Copyright © 2009 selotejp.com