-->

Шерцигнер заминува од Pussycat Dolls?

Наводно пејачката на Pussycat Dolls, Никол Шерцингер, одлучила да се впушти во соло води, но конечното заминување од групата ќе биде дури по завршувањето на светската промоција на нивниот последен албум, 'Doll Domination', пренесува Digitalspy.co.uk.



За време на неодамнешната турнеја по Европа, Никол песната 'Hush Hush' ја отпеа сама, додека остатокот од девојките беа во бекстејџот.

Убавата 30 – годишна пејачка веќе еднаш се обиде со соло кариера, но нејзините песни 'Baby Love' и 'Whatever U Like' не постигнаа некаков си успех на топ листите.

Некои медиуми нагаѓаат дека пејачката може ќе сними песна со нејзиното момче, Луис Хамилтон, возачот на Формула 1.

 

Copyright © 2009 selotejp.com