-->

Дајте му трета димензија на вашиот декстоп

Доколку вашата работната површина (т.н десктоп) почна да ви станува здодевна, можеби е време да и додадете уште една димензија и малку физика.

Bumptop е апликација која после неколку години поминати во фаза на бета тестирање, конечно е достапна за сите корисници кои сакаат да експериментираат со својата работна површина.

Од видео демото подолу и сами ќе се уверите во фасцинантните опции кои овозможуваат иконите на вашиот десктоп да се однесуваат исто како предмети во реалниот свет. Нив може да ги фрлате во корпата за отпадоци, во принтерот и мејл клиентот, да ги организирате во купчиња, да ги удирате од ѕидот и да ја осетите виртуелната гравитација која ви ја овозможува оваа апликација.

Bumptop работи на Windows и се користи со маусот, но вистински филинг е да ја испробате апликацијата на некој лаптоп со дисплеј осетлив на допир. Bumptop може да го преземете од тука, а доколку сеуште не ви е јасно за што станува збор погледнете ја видео презентацијата.

 

Copyright © 2009 selotejp.com