-->

Commodore 64 се врати во облик на преносник

На спомнување на стариот добар Commodore, на секој гик од постарата генерација од очите ќе му потече солза. Многумина од нив сеуште по дома чуваат функционални примероци на С64, но сигурно никој од нив не се потрудил да го оспособи својот примерок како ентузијастот по име Бен Хек.

Оваа целосно функционална модификација се состои од ново преносно куќиште (со лого на Commodore) во кое се наоѓа 15 инчен дисплеј, хардвер од самиот Commodore 64 и посебен читач на мемориски картички.

Целиот преносник е малку подебел, но изгледа навистина добро и што е најбитно - работи совршено. А како сето ова изгледа и во пракса, погледнете во видеово. Деталите за изработката ги имате на страницата на Бен.

 

Copyright © 2009 selotejp.com