-->

Љубовниците на богаташите станаа први жртви на рецесијата

Истражувањето покажало дека љубовниците на богатите менаџери станале жртви на рецесијата. Половина богаташи ќе се ослободат од нив, а останатите ќе им ги намалат подароците.



Светската економска криза се вовлече на сите подрачја. Така и љубовниците на богаташите станаа жртви на рецесијата. Според истражувањето на Daily Telegraph дури 80% од богаташите на разни начини ги намалиле трошоците за своите љубовници. Истражувањето покажало дека половина од менаџерите, брокерите, и разните финансиски експерти имаат намера да се ослободат од своите љубовници затоа што финансиската криза го достигна својот врв. Оние кои нема да се ослободат од своите љубовници ги предупредуваат да не очекуваат скапи подароци и гестови.

“Исто како луксузните автомобили и љубовниците бараат време и пари. Затоа ако богаташот мора да штеди, љубовницата е прво нешто од кое тој мора да се откаже.“- изјавил Josh Spero, чија агенција го спровела истражувањето.

Во САД дури имаат и прирачник за прељубници. А во него ги пишува основните упатства како да се преживеат тешките моменти.

 

Copyright © 2009 selotejp.com