-->

Луди компјутерски куќишта

Ако за вас поимот компјутерско куќиште ја означува „онаа кутија која седи под маса и собира прашина“, тогаш дефинитивно не сте муштерија за овој тип на продукти. Но, сеедно, погледнете што се може да се направи со доволно време, пари и креативност.

Weapon of Mass Destruction
Тешко е да се верува дека во оваа челична (некорозивна, секако) филмска бомба се крие функционален компјутер, како што е еднакво тешко да се верува дека авторите буквално потрошиле неколку години за да ја изработат „бомбата“ до крај и со сите додатоци како што изворно била замислена. Слободно погледнете ги деталите за изработката и преку 500 слики со детални описи, па ако имате некоја година вишок во вашиот живот, пријатели со најразлични работилници за обработка на метал и многу големо трпение, можеби ќе успеете да направите вакво куќиште.

Hulk PC
Едно од најоригиналните и најимпресивните куќишта кои било кога сме ги виделе доаѓа во обликот на зелениот супер херој Хулк кој на грбот ја држи матичната плоча која изгледа како штотуку да била одвоена од останатите делови. Не само што ја држи, туку во неговите раце е вграден и монитор кој создава впечаток дека Хулк ги влече и останатите жици. Во подножјето се наоѓа хард дискот, CD ром и напојување. И да, компјутерот е потполно функционален. За изработка на ова чудо биле потребни десеттина луѓе и неколку месечна работа.

Heineken PC
Секако дека авторот на ова куќиште е маж! Зарем некој се посомнева? Што го натерало да вложи неколку месеци кон изработката на ова „ремек дело“ не сме сигурни, но очигледно во неговиот живот нема недостаток на слободно време, креативност и пари бидејќи куќиштето е одлично обработено со сите можни додатоци, светла, вентилатори и слични додатоци. Недостига само интегриран фрижидер за пиво.

Ковчег куќиште
Претерано? Морбидно? Болно? Или супер забавно? Креативно? Кул? Вие одлучете, ние не се осмелуваме. Единствената утеха која можеме да ви ја дадеме во овој момент, доколку мислите дека очите ве лажат и дека пред вас не гледате вистински ковчег во кој некој одлучил да го смести својот компјутер, е дека ковчегот не е во „полна“ големина, туку се работи за мала верзија наменета за животни. И за вашиот компјутер, доколку сте некрофил. Дури и екранот е интегриран во целата поставка.

Еве уште неколку интересни решенија:

 

Copyright © 2009 selotejp.com