-->

Мили Сајрус стана најголема ѕвезда во Холивуд

Младата пејачка и актерка има најгледан филм во САД и стана ѕвезда број еден.



Нејзиниот филм 'Hannah Montana: The Movie', настана врз основа на екстремно популарната ТВсеријата, забележа двапати поголем успех на кино - благајните отколку што очекуваше Дизни, заработувајќи 34 милиони долари во само три дена од велигденскиот викенд.

Мили Сајрус ја глуми Хана Монтана, ученичка која е преку ден нормала девојка а преку ноќ е поп ѕвезда.

Заради големиот успех Дизни веќе најави снимање на нов филм со Мили во главната улога, а филмот ќе биде наречен 'The Last Song'. Малата Мили моментално ја привлекува публиката повеќе од оскаровките Џулија Робертс и Џоди Фостер.

Минатогодишниот најгледан филм 'Fast & Furious' оваа година е на второ место со заработка од 28.8 милиони, а на трето место е анимираниот филм 'Monsters vs. Aliens', со заработка од 22,6 милиони во третиот викенд на прикажување.

 

Copyright © 2009 selotejp.com