-->

Тмурното време позитивно влијае на работата на мозокот

Научниците во сончевата Австралија дошле до заклучок дека тмурното време, иако не е добро за расположението, позитивно влијае на мозокот.

Психолозите откриле дека на луѓето на тмурно време мозокот подобро им функционира, и дека имаат подобри резултати во тестовите за памтење дури и кога се мрзливи. Резултатите од истражувањето покажале дека колку времето е полошо, и личноста полошо расположена, толку мозокот подобро работи, пренесува Telegraph.

Истражувањето кое траело два месеца и е спроведено во Сиднеј, претставено е на универзитетот New South Wales. На испитаниците им ја тестирале меморијата и откриле дека три пати подобро се сеќаваат на информацијата ако времето е лошо и ако тие самите се чувствуваат лошо.

Изгледа дека мала доза на тага и нерасположение се добри за менталната активноста, затоа што ни го одвлекува вниманието од ситниците и не фокусира на задачите.

 

Copyright © 2009 selotejp.com