-->

YouTube преминува во RealTime?!

Компанијата Google почна да тестира нова опција на својот популарен видео сервис, наречена YouTube RealTime.

Новата опција ќе им овозможи на корисниците на YouTube да споделат со пријателите клип кој го гледаат во моментот. На овој начин вашите пријатели ќе можат во real time да видат кој кип го гледате, што коментар оставате и како го оценувате самиот видео исечок.

Во почетната тест фаза корисниците ќе можат да поканат по 25 пријатели кои исто така ќе можат да учествуваат во тестирањето/користењето на услугата. Вака на почетокот функционираше и Gmail.

Од останатите опции, треба да се спомене и можноста за поврзување на други корисници со своите пријатели, слично како кај Facebook да предложиш пријателство.

За жал се уште нема информација кога оваа опција целосно ќе заживее.

 

Copyright © 2009 selotejp.com