-->

Мекларен: Нов почеток или повлекување?

Екипата Мекларен е решена да ги остави сите лоши случувања зад себе, кои им го обременија ионака тешкиот старт во новата сезона.

По скандалот околу лажењето на стјуардите на ФИА, припадниците на тимот се обидуваат да се фокусираат на работата на патеката, но медиумите не престануваат со шпекулациите околу можната казна за забрана на настап од две трки, како и со евентуалното повлекување на Мерцедес, кој е доминантен акционер на тимот со 40% удел.

- Дајмлер сака да инвестира во “зелената технологија”. Дали Формула 1 е погодна? Дали ќе биде правилно да се напушти Ф1 и да се концентрираме на технологиите кои не причинуваат загадување? – мистично запраша Хелмут Ленсе, претставник на Дајмлер за весникот Штутгартер Цајтунг.

Најавите дека е можен излез од спортот првично ги потврди и Норберт Хауг, кој објави дека барем еднаш на годишно ниво одборот на Мерцедес има собир на кој се ревидира активноста на брендот во Формула 1.

 

Copyright © 2009 selotejp.com