-->

Кој ќе си игра Бог, ако не ние?

Знаењето го уништува празноверието. Океј, во принцип сите го знаеме ова, но ретки се оние кои се осмелуваат да го кажат ова јасно и гласно. Претежно се расправа околу моралните норми дали нешто да се направи или не. Но, за среќа, има и луѓе без влакна на јазикот. Еден од нив е Џејмс Д. Вотсон.



Дотичниот господин е молекуларен биолог и еден од научниците кои ја открија структурата на ДНК. По сите свои откритија, а изнервиран од постојаните приговори на заедниците човекот проговори. Тоа што го кажа, ќе го сведеме на три главни заклучоци:

- Една од најбитните работи кои ни ги донесе науката е константното откривање и објаснување на натприродното. Можеме да живееме во константен страв со своите дела да не навредиме некого или нешто што од високо гледа на нас, но науката е таа која го осветлува светот околу нас и на тој начин го објаснува.

- Можеби никој нема јајца да го каже ова, но ако можеме да направиме генетски подобар човек, зошто да не го направиме?

- Ако ние не сакаме да си играме Бог, кој сака?

Не знаеме што мислите, но на нас ни се допаѓа баткава.

 

Copyright © 2009 selotejp.com