-->

MSI ќе претстави Android лаптоп

Micro-Star International (MSI) летово на Computex 2009 ќе го претстави малиот лаптоп кој ќе работи на Android, оперативниот систем на Google, објави „Economic Daily News“.

Претходно информиравме дека и HP планира да претстави мал лаптоп кој ќе работи на Android OS. Ова е уште една потврда дека на оперативниот систем на Google му престои светла иднина.

Netbook прототип кој работи на Android претстави и компанијата SkyTone. Овој модел доаѓа со седум инчен екран, 533 MHz ARM11 процесор, само 128 MB меморија, поддршка за Wi-Fi, слот за SDHC мемориска картичка. Спецификациите на netbook-от се слаби, но главен адут треба да му биде цената, која ќе се движи околу 100 американски долари.

Во меѓувреме, од Google оценија дека 2009-тата дефинитивно ќе биде Android година, особено поради фактот што компанијата кон крајот на годинава ќе претстави повеќе уреди кои ќе работат на овој оперативен систем. Многумина сметаат дека уште кон почетокот на годинава ќе се појават повеќе smartphone телефони кои ќе работат на овој мобилен OS, но за сега, освен HTC моделот, сите други се само во најава.

 

Copyright © 2009 selotejp.com